Вакцината АстраЗенека го промени името

0
23

Вакцината против коронавирусот произведена од фармацевстката компанија АстраЗенека сега се вика Ваксзервиа, објави шветстака медиумска агенција врз основа на податовите добиенои од Европаската агенција за лекови „ЕМА“.

Самата вакцина останува непроменета.

ЕМА“ промената на името го одобрила на 25 март, врз основа на барање на компанијата.

Вакцината која на британско-шведската фармацевстка компанија беше тема на расправа повеќе пати отккао на крајот на јануари доби „зелено светло“ од „ЕМА“.

Веднаш по одобрувањето, различни земји од Европа, вклучувајќи ја и Белгија, одлучија да не ја користат за постари лица, додека чекат додатни податоци.

Подоцна, на почетокот на март, неколку европски змеји привремено ја суспендираа употребата на АстраЗенека поради некои случаи поврзани со згрутчување на крвта и мал број на томбоцити.

„ЕМА“ на 18март повторно потврди дека вакцината е безбедна и ефикасна, и дека бенефитите се поголеми од можните ризици, но и понатаму се истажува тој случај. Покрај тоа, компанијата исто така била предмет на расправа затоа што повеќе пати ги намалила ветените испораки за ЕУ, што резултираше со ескалација на тензиите меѓу ЕУ и Велика Британија.