Груби: Македонските функционери ќе доаѓаат на настани за ОВК, кај „Тигрите“ ќе се вработат Албанци

0
21

Артан Груби, , во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ 21 истакна дека во иднина се планира функционери од македонска етничка припадност да присуствуваат на настани во чест на ОВК, додека за неговото присуство на 40-годишнината од специјалната антитерористичка единица „Тигар“ вели дека се одзвал на поканата и според него тоа е добар знак за напредок и меѓусебно помирување.

„Мораме заедно да одиме напред. Очекувам истото да се случи од македонските политичари во некој од нашите настани, на Албанците. Заев ми вети дека во редовите на единицата „Тигар“ ќе бидат вработени и Албанци, и тоа е добро, покажува дека државата е заедничка на сите што живееме тука“, рече Груби.

Како што рече во единицата Тигри имало Албанци, но се откажале и повеќе не служат таму.