Дијаспората со слаб интерес за самопопишување, најмногу попишани во Швајцарија, помал интерес во Канада и Австралија

0
17

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција информираше дека најмногу лица се самопопишале во Швајцарија, околу 16.000, а тоа е една четвртина од очекуваната бројка. Потоа следуваат Германија со околу 10 илјади и Италија со шест илјади попишани лица. Послаби се резултатите во Канада и во Австралија.

Османи рече дека како одговорно Министерство преземаат дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес.

Според шефот на дипломатијата, најслаба активност во процесот покажала дијаспората во Канада и Австралија, па затоа МНР ќе работи на дополнителна промоција на пописот. Османи ваквите резултати ги образложува со оддалеченоста и неинформираноста на граѓаните, додавајќи дека рано е да се зборува за проценки за успешноста на пописот.

-Немам информација ниту од нашите ДКП, ниту од личните контакти дека некој активно бојкотира или дава отпор за попишување, но не можам да ја исклучам и таа причина, бидејќи не можеме да ги контактираме сите за да го знаеме нивното мислење, тврди Османи.