Заедничка обука на специјалните сили на Македонија, САД и Грција

0
25

Специјалните оперативни сили на Северна Македонија, САД и домаќинот Грција, во вторникот започнаа заеднички вежби за падобранство и скокање од авиони во областа Атика и Лариса, како дел од планот и координација на интердисциплинарната команда за специјални операции на Штабот на грчката армија, јави дописникот на МИА од Атина.

Генералштабот на грчката армија објавува дека „конкретната заедничка вежба е во рамките на меѓународната соработка на грчките вооружени сили со пријателски и сојузнички земји“, и во рамките на планираната соработка, која во целост и континуирано се спроведува во последниот период. врз основа на генералниот план на Главниот штаб “.

„Целта е да се утврди нивото на соработка, разбирање и размена на техничко знаење меѓу силите учеснички, како и дополнително зголемување на оперативните способности и интеракција на силите за специјални операции во сојузничката рамка“, се вели во изјавата за заеднички вежби.