Замина и Зафир Хаџиманов – ја загуби битката со коронавирусот

0
20

Пејачот, композитор и актер, Зафир Хаџиманов почина денеска на 77-годишна возраст како последица од компликации од коронавирусот, јавија српските медиуми.

Хаџиманов е роден на 25 декември 1943 година во Кавадарци и живееше во Белград.

Беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, и татко на Васил Хаџиманов, познат џез – музичар.

Тој беше композитор, писател, шоумен и голема ѕвезда на поранешните југословенски простори.