Застрашувачки бројки од БиХ: Починаа уште 57 пациенти

0
24

Босна и Херцеговина во последните четири дена брои голем број починати пациенти со Ковид-19.

Имено, денеска регистрирани се уште 57 починати, вчера имаше 35, ден претхдно 53, а во понеделникот 63.

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се нови 1.738 заразени со корона вирус, а оздравеа 753.

Во Федерацијата тестирани се 3.878 примероци, а 1.156 биле позитивни.

Досега се тестирни вкупно 501.260 примероци, а позитивни биле 98.058 лица.

До денеска излечени се 82.924 пациенти, а активни се уште 12.012 случаи. Пријавени се уште 42 смртни случаи или вкупно досега 3.122.

Во Република Српска има направено 1.387 тестови, од кои 543 биле позитивни.

Пријавени се уште 15 смртни случаи или вкупно 2.420.

Досега се потврдени 47.993 случаи со корона вирус од тестирани 216.863 лица.

Во Брчко има 39 нови случаи.