Србија потпиша договор – пристигнуваат два милиони вакцини во земјата

0
41

Србија потпиша договор со Синофарм за набавка на нови количини вакцини.

На потпишувањето присуствувал и претседателот на земјата, Александар Вучиќ, заедно со амбасадорката на Народна Република Кина, Чен Бо.

Како што беше соопштено од Претседателството, Вучиќ разговарал преку виде-линк со раководството на компанијата Синофарм за процесот на набавка на вакцината, изградбата на фабрика за кинески вакцини во Србија, како и за изградба и опремување на српските болници.

За време на состанокот потпишан бил договор за купување на нови два милиони дози вакцини на компанијата Синофарма, на што присуствувала и амбасодрката Чен Бо.

Вучиќ се заблагодарил на претседателот на Кина, раководството на Комунистичката партија и претставниците на Синофарм за помошта во снабдувањето на вакцините, односно рекол дека поголемиот број граѓани на Србија ќе се вакцинираат токму со таа вакцина.