Зголемен број на заразени во Тетово – дел од медицинскиот персонал се вакцинирал, а дел одбил

0
75

За само 5 дена од тетовско евидентирани се 100 инфицирани пациенти со КОВИД 19 . Последниве две недели бројот на позитивни случаи расте, празни болнички кревети се помалку. Сите хоспитализирани се со тешка клиничка слика.

Вчера почина 42 годишна пациентка која била хоспитализирана во Ковид центарот при Клиничката болница во Тетово. И останатите 23 хоспитализирани пациенти во ова одделение се со тешка клиничка слика. Како што расте бројот на заразени, така расте и бројот на пациенти кои бараат болничко лекување. Влошување на состојбата очекувавме. Полицискиот час ќе ги намали бројките, но без почитување на меките од граѓаните никакви одлуки не помагаат, велат здравствените работници.

Слободни болнички кревети има но ако продолжат да растат бројките болницата не ќе може да го издржи притисокот

Со модуларната болница ќе се прошири капацитетот за дополнитени 35 болнички кревети. Но таа  иако е изградено минатиот месец се уште не е пуштена во употреба.

Тетовската болница според доктор Нуредини моментално е добро екпирана. Нема голем број на здравствени работници во изолација, а досега се вакцинирани 47 медицински од тетовско кои деновиве ја чекаат ревакцинацијата