Здруженијата за заштита на животната средина бараат забрана за работа на хидроцентралите во идниот национален парк Шар Планина

0
65

Стоп за постојните хидроцентрали на Шар Планина – ова е барањето на екологистите, бидејќи вчера министерот за животна средина рече дека со прогласувањето на Шар Планина за национален парк, ќе се запре изградбата на нови хидроцентрали, додека постојните ќе продолжат да работаат . Според Еко-герила, свлечиштето во Лешница, кое предизвика штета на главната водоводна цевка, и го остави Тетово без вода, било предизвикано од хидроцентрали на планината. Тие бараат законски можности за одземање на сите концесии за хидроцентралите.

Од „Еко Свест“ и Здружението на млади правници реагираат зошто во предлог законот за Националниот парк не е заштитен појас кој според првичното решение, животната средина треба да се заштити од негативното влијание на хидроцентралите и да се ограничат можните штети . За нив е несфатливо како може да се дозволи да има хидроцентрали во националниот парк.

„Штом ваквите проекти ќе бидат дозволени во најзаштитените подрачја, тогаш заштитата на природата ја губи својата важност. 

Министерот за животна средина Нуредини вчера изјави дека со инвеститорите кои не започнале со изградба на хидроцентрали и имаат концесии, ќе се преговара одземање на концесиите