Земјотрес во Грција, се тресеше во близината на Лариса

0
67

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер, се случи во централна Грција, во близината на Лариса каде што во последниот месец се случија неколку силни, и многу умерени земјотреси.

Епицентарот бил на 32 километри северозападно од Лариса во 19:15 часот по локално време.

Земјотресот се почувствувал и во северниот дел на Грција, а со послаб интензитет и во јужните делови на Македонија.