Македонија е 46. земја во светот, што ја одобри руската вакцина

0
59

 

Македонија по итна постапка ја регистрира руската вакцина против корона вирус Спутник V, соопшти денеска рускиот фонд за директни инвестиции.

Фондот наведува дека Спутник V досега е одобрен во 46 земји со вкупно население од над 1,2 милијарди луѓе, пренесува РИА Новости.

Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев, посочи дека побарувачката за вакцината Спутник V расте во Европа и низ целиот свет.

Спутник V е прва регистрирана вакцина во светот против коронавирус и е произведена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеј на руското Министерство за здравство.

Досега се регистрирани уште две вакцини во Русија – Епивак на Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнолошки вектор и вакцината Ковивак, произведени од Федералниот истражувачки центар за истражување и развој на имунобиолошки препарати „М.П. Чумаков “.