Мицкоски: Според Блумберг, Македонија е на 118 место од 122 држави во процесот на вакцинација

0
17

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на Фејсбук објави листа и интерактивна мапа на држави на Блумберг на која според процентот на вакцинација нашата земја се наоѓа на 118 -то место од вкупно 122 земји во светот кои се рангирани.

-На дното од дното. 5 место, но од назад. Срамота и греота! Кога ја читаат анализата низ светот ќе мислат дека сме држава во субсахарска Африка, затворени и изолирани од светот, а не држава во срцето на Европа чиј сосед Србија на истата таа листа е во врвот со 2 милиони вакцинирани и скоро 30% од населението имунизирано. Пред нас се сите. Албанија, Бугарија, Грција, а да не зборуваме и за Хрватска и Словенија, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој за ваквата состојба ги обвини премиерот Заев и министерот за здравство Венко Филипче за кои рече дека ги носат на совест сите заболени и починати од јануари наваму.

Но, ако се има предвид дека и една Гана, која е држава во Африка, кон крајот на минатиот месец доби 600.000 вакцини преку Ковакс, тогаш, ние со оние нешто над 8.000 фајзерови што ни и даде Србија и 3.000 руски вакцини, не сме но до таму.