Нови 999 заразени со Ковид19, 24 починати

0
18

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на Ковид19. Од нив најмногу во Скопје- 539, а потоа следуваат Прилеп и Битола – по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово – 22, Неготино – 21, Кочани – 20, Крива Паланка – 19, Гостивар – 16, Штип – 15, Струга – 10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.

За истиот период пријавени се вкупно 24 починати лица на возраст од 46 – 80 години, сите во болнички услови. Регистрирани се 543 оздравени пациенти.

Со ова вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889