Османи со нов предлог Бугарите да бидат споменати во Уставот

0
49
Иако никој досега не го побарал тоа, министерот за надворешни работи вели дека тие треба да се чувствуваат како слободни граѓани во земјата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека ако треба Бугарите ќе бидат споменати во Уставот како посебна етничка заедница, иако досега никој тоа не го побарал. Тој во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека „Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани“.

„Немам никаква резерва по однос на прашањето Бугарите да бидат спомнати како посебна етничка заедница во Уставот ако тоа им значи“, рече Османи и додаде дека официјално не чул за такво барање, ниту било разговарано за тоа. За промена на Уставот е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Во Преамбулата на Уставот сега се споменати „македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите’.