По земјотресите во мавровскит регион, водата е заматена и не треба да се пие

0
23

По силните земјотреси што се почувствуваа синоќа во Мавровскиот реион водата за пиење во сите селски населби е заматена и истата се препорачува да не се користи за пиење. Ова за Радио Слободна Еврока го изјави градоначалникот на општина Маврово–Ростуше Медат Куртовски. Тој додаде дека и покрај силните потреси не се забележани некои поголеми материјални штети.

„Поради земјотресите населението беше видно вознемирено, а поголем број на туристи кои беа во Маврово со своите автомобили го напуштија регионот и се упатија кон Скопје и други градови од кадешто беа дојдени“, истакна Куртовски.

Тој денеска со други претставници на локалните власти и комуналното претпријатие „Маврово“ е во посета на населените места во регионот во епицентралното подрачје, кое е во близина на Мавровоското езеро. Од јавното комунално претпријатие велат дека се додека нема друго соопштение за квалитетот на водата,поради заматувањето, истата не треба да се користи за пиење.

Синоќа два силни земјотреси со јачина од 4,7 и 4,4 степени по Рихтер кои се случија во 22 часот и 17 минути и 22 часот и 28 минути го погодија гостиварско – мавровскиот регион и истите се почувствуваа во Скопје, Гостивар , тетово, Кичево, Дебар и Струга.