Разрешен директорот на струшката болница по случајот со родилката која остана без три органи

0
21

По случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар која при породување остана без матка, бубрег и јајник, директорот на струшка болница Мухамед Асани е разрешен, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче посочи дека вчера донел одлука и за формирање на нова комисија, додавајќи дека тоа е законска можност која ја има Министерството за здравство (МЗ).

„Првата комисија беше формирана исто така на барање на МЗ, но тој пат преку лекарската комора. Но, со оглед на неколку интервенции и барања кои што ги имаше, прво од семејството на родилката, понатаму од неколку институции, како на пример Хелсиншкиот комитет за човекови права, донесов одлука да се формира уште една комисија, која што ќе ја водат директорите на институциите, на клиниките за урологија, карил, гинекологија, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и кои што ќе треба да направат анализа на случајот“, додаде Филипче.