Русија регистрира вакцина Спутник , што се дава во една доза

0
18

Русија минатата недела објави дека ги завршила клиничките испитувања на „лесната“ верзија на вакцината против „ковид-19“ што е „привремено решение“ за помош на земјите со високи стапки на инфекција.

Москва објави дека Спутник V, кој се дава во две дози, ќе продолжи да биде главната вакцина за употреба во Русија.Нешто повеќе од четири милиони Руси ги примиле двете дози на вакцината, а други два милиони се вакцинирани со првата доза.

Генерално, околу четири проценти од руското население е вакцинирано, заостанувајќи во однос на вакцинацијата со земји како САД или Велика Британија.

Рускиот претседател Владимир Путин (68) е вакциниран против коронавирус минатиот вторник, но не е познато со која вакцина. Вчера тој ја објасни својата одлука за вакцинирање без камери, велејќи дека „не сакал да се глупира“ пред камерите и ги повика Русите да се вакцинираат.