„Слободен печат“ дознава: Пронајдено и одземено оружје од станот на Груевски во Скопје

0
17

При вчерашниот претрес по налог на Јавното обвинителство во стан во Скопје на поранешниот премиер Никола Груевски, пронајдено е и одземно оружје, дознава „Слободен печат“ од извори во Обвинителството.

 

Станува збор за 4 пиштоли за кои Груевски немал дозвола по што тие се подигнати и ќе бидат предмет на натамошна истрага, дознава „Слободен печат“.

 

Според шефицата на јавното обвинителство Вилма Русковска, вчера полицијата и обвинителството извршија претрес во објектите за кои дополнително се обезбедени материјални и вербални докази дека се сопственост на Никола Груевски.

 

Јавното обвинителство на РСМ вчера кратко соопшти дека по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  извршиле претрес во повеќе објекти. „Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот“.