Телото на Арбен е фрлено во реката Лепенец, вели неговиот татко

0
113

По две години потрага по исчезнатиот 35-годишен Арбен Аслани од Скопје, неговото безживотно тело беше пронајдено во водите на реката Лепенец, во населбата Бардовци.

Неговиот татко Бекир Аслани вели дека мртвото тело го пронашол локален жител кој ја известил полицијата. Аслани се чувствува разочаран од институциите кои според него не презеле мерки за да откријат каде е неговиот син син.

„Пронајдено е во канал, телото е делумно уништено. Не им верувам на институциите, но ќе почекам додека не излезе резултатот од обдукцијата. Можеа да истражуваат , но или не сакаа  или некој ги прекина да не  истражуваат“, изјави таткото на Арбен, Бекир Аслани.