Харадинај се заканува со Голема Албанија: Ако не влеземе во ОН и НАТО, ќе се приклучиме кон Албанија

0
49

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај денеска изјави денеска доколку Косово не стане членка на Обединетите нации или НАТО, ќе се приклучи на Албанија.

Ако не го добиеме заслуженото место во ОН и НАТО, нема да останеме сами, нема да останеме без семејство, ние сме албанска нација, ќе се приклучиме кон нашето албанско семејство, рече Харадинај за време на посетата на Глодјан во општина Дечани.

Харадинај додаде дека Косово има долга историја и дека илјада години им припаѓа на неговите граѓани, како него.