Објавена листата на највредни пасоши во светот: На кое место се наоѓа македонскиот?

Македонскиот пасош е 43-ти највреден во светот и со тоа е на четвртото место меѓу земјите од регионот, зад словенечкиот (11-ти во светот), хрватскиот (16-ти) и српскиот (36-ти)

Со македонскиот пасош се има можност да влезе во 126 земји без виза.

Организацијата што се занимава со проценка на пасошите, „The Henley Passport Index“, на својата веб-страница ја објави најновата листа на моментално највредните пасоши во светот, чии граѓани имаат најмногу поволности кога патуваат на глобално ниво.

Од земјите во регионот, на 44-то место е црногорскиот пасош, а косовскиот е на 101-то место.

Највредниот пасош во светот е јапонски, чии граѓани можат да влезат со него во 193 земји без виза, по што следат Сингапур (192), јужнокорејскиот и германскиот (по 191), а со италијанскиот, финскиот, шпанскиот и луксембургшкиот може да се влезе во 190 земји.

Американскиот пасош е на седмото место, заедно со уште четири други земји, а Американците можат да влезат во 187 земји низ целиот свет.

Руските граѓани можат да влезат во 118 земјо без виза, а нивниот пасош е на 48. место, а најслабо рангиран е авганистанскиот, со слободен влез во 26 земји.