Бајден порача дека е за взаемно признавање меѓу Србија и Косово

0
20

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е за заемно признавање на Србија и Косово, додавајќи дека Вашингтон ќе продолжи да ги поддржува напорите за обезбедување траен мир меѓу нив.

Вашингтон “ќе продолжи да ги поддржува напорите за постигнување траен мир преку продуктивен дијалог меѓу Србија и Косово и конечно договор за нормализација, заснован на “взаемно признавање”, напиша американскиот претседател во честитката до новата претседателк на Косово, Вјоса Османи. .

Тој истакнал дека за Косово „нормализацијата на односите со Србија е од фундаментално значење“ затоа што на тој начин Косово може „да ги реализира своите потенцијали и целосно да се интегрира во евро-атлантските институции“, рече Бајден.

Тој рече дека САД упорно ќе го поддржуваат Косово. „Знам дека за постигнување на таа цел ќе бидат потребни флексибилност и тешки компромиси на патот, а САД ќе бидат ваш партнер на секој чекор“, истакна Бајден.

Опишувајќи ги односите меѓу Косово и Соединетите држави, Бајден оцени дека тоа е „партнерство вкоренето во заедничките вредности“.

Шефот на американската држава рече дека ќе работи со Османи на приоритетните прашања поврзани со зајакнување на владеењето на правото, борбата против корупцијата, заштитата на правата на малцинствата и верските заедници и закрепнување од последиците од пандемијата „ковид-19“, како и економскиот развој и обезбедување на одржлива енергетска иднина.

Според порталот Косев, Бајден потврдил дека Османи му пишала на 19 март дека на Косово му се потребни вакцини.

Тој рече дека неговата администрација работи „со билатерални и мултилатерални партнери за да одговори на пандемијата“ и дека САД дадоа првичен придонес од 4 милијарди долари за поддршка на програмата COVAX за снабдување „безбедни и ефективни вакцини“ за потребите на земјите.

Како што се зголемува бројот на произведени вакцини, САД ќе работат со партнерите за да ги дистрибуираат, за што исто така ќе бидат во контакт со претседателката на Косово.

Косовските медиуми потсетуваат дека Османи, покрај писмото на Бајден, добила и честитки од францускиот претседател Емануел Макрон, кој рекол дека Франција ќе го поддржи Косово „во темелните реформи“ и ќе го продолжи дијалогот во Брисел, што ќе доведе до „сеопфатен договор“.

Порталот Косев нагласува дека Бајден и пишал и Османи во февруари, по повод 13-годишнината од самопрогласувањето на независноста, и истиот месец и до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, честитајќи му го Денот на државноста.

„Во двете писма тој повика на сеопфатен договор, што треба да резултира со меѓусебно признавање“, пишува порталот.

Косовскиот парламент ја потврди 38-годишната професорка по право и кандидат на владејачката Ветевеносје, Вјоса Османи за нов претседател на Косово на 4 април.