„Европа ќе достигне колективен имунитет ова лето“

0
18

Европа може да достигне колективен имунитет против коронавирусот за 3-4 месеци, рече во среда директорот на германската фармацевтска компанија „Бионтек“.

И додека трае дебатата за тоа кој праг на вакцинација треба да достигне за да се стекне колективен имунитет, експертите велат дека тоа е 70% од вакцинирани лица значајно го „пореметило“ пренесувањето на коронавирусот меѓу една популација.

„Европа ќе достигне колективен имунутет веќе во јули, најкасно до август“, рече пред новинарите директорот на Бионтек, Угур Сахин.

Тој предупреди дека со колективниот имунитет нема првобитно да бидат опафетени децата, со оглед дека вакцината се одобрува само на лица постари од 16 години.

Вакцините на „Бионтек“ засега во голем дел се даваат низ Светот, односно во Северна Америка каде што се познати како вакцините на „Фајзер“. Во Европа процесот на вакцинација се забрзува, после слабиот старт на имунизацијата.