Едно лице е убиено во престрелка пред болница во Париз, напаѓачот е во бегство (ВИДЕО)

0
19

Едно лице загина, а едно е рането во пукотницата пред болница во Париз. Напаѓачот побегнал со мотор, пренесува Ле Паризиен.

Неколку истрели одекнале пред болницата.

Информацијата за нападот што се случил во 13:40 часот ја објави АФП, повикувајќи се на извори блиски до полицијата. Две лица се повредени и пренесени во болницата пред која се случил нападот, а едно починало од повредите. Другото лице, чувар во болницата, завршило на интензивна нега.

https://twitter.com/i/status/1381584271048110080

Нападот се случил пред болницата Херни-Данан во 17-от арондисман во Париз, на улицата Мишел-Анже. Тоа е геријатриска болница во сопственост на Црвениот крст, која во моментов исто така функционира како центар за вакцинација против ковид.

Полицијата отворила истрага за убиството. Засега нема информации за околностите и мотивите на нападо