Историски успех на НАСА: На Марс создале кислород за дишење

0
58

Експериментот на НАСА на Марс ја претвори ретката и токсична атмосфера на Црвената планета во кислород.

The Mars Oxygen In-Situ Resource Utilization Experiment (MOXIE) или проект за експлоатација на природните ресурси на кислород пристигна на Марс со роверот „ Perseverance “ на 18 февруари и сега го заврши првото испитување.

Атмосферата на Марс главно е составена од јаглерод диоксид. Таа е сто пати поретка од атмосферата на Земјата, па дури и да има ист состав како и воздухот на Земјата, луѓето не би можеле да преживеат со дишење. Тоа е историски успех затоа што ако некогаш испратиме астронаути на Марс, тие ќе мора да понесат кислород со себе, пишува New Scientist.

Кислородот е исто така клучна компонента на повеќето ракетни горива, па астронаутите ќе мора да носат резервоари од дома. НАСА проценува дека ќе бидат потребни околу 25 тони кислород за да ги вратат четворицата астронаути дома од Марс. Исклучително е скапо да се транспортира што било на Марс, а ракетите имаат ограничен капацитет и се смета секој грам.

MOXIE е чекор кон решавање на двата проблеми, со производство на кислород на Марс. Експерименторт цица јаглерод диоксид од Марсовата атмосфера и го загрева на температура од околу 800 степени Целзиусови, што овозможува одвојување на атомите на кислород од јаглерод диоксид и потоа ослободување на јаглерод моноксид.

Првиот обид за експериментот, извршен на 20 април, произвел околу пет грама кислород, доволно за околу 10 минути воздух за еден астронаут. „МОКСИ има уште работа, но резултатите од оваа демонстрација на технологијата се многу ветувачки додека се движиме кон нашата цел да испратиме екипаж на Марс“, рече Џим Ројтер од НАСА.

MOXIE е дизајниран да произведува само околу 10 грама кислород на час, но идните генератори на кислород може да бидат многу поголеми и да ги извлекуваат атомите на кислород од јаглерод диоксид многу побрзо. Во текот на следната година, се очекува MOXIE да спроведе уште најмалку девет експерименти, тестирајќи ги своите можности во различни периоди од денот и сезоните кога ќе се променат условите во атмосферата на Марс