Костадинов: Пропаднаа намерите на Мицкоски да одбрани криминалци преку саботирање полициски акции, време е за одговорност

0
20

– Уште еднаш се потврди, Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, на страната на криминалците, на спротивната страна од полицијата и правдата.

Во тек на сложена полициска акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Христијан Мицкоски недозволиво пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната истрага за овој случај, соопшти Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.