Млад човек од Албанија паднал од балкон во Кичево

0
22

На 30.04.2021 во 03.55 часот, И.В.(57) од Кичево во полициската станица пријавил дека дека од балкон на првиот кат од неговата куќа на улица „11 Септември” во Кичево паднал М.К.(26) од Република Албанија, кој престојувал во неговата куќа. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Во врска со настанот на разговор во полициската станица Кичево биле повикани уште две лица од Албанија кои биле со М.К. во куќата, како и сопственикот на куќата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.