Од мај директна авионска линија до Москва – ќе се патува 3 часа и 25 минути

0
19

Од 21 мај авионската компанија Нордвинд обезбедува директна линија од Москва до Скопје и обратно.

За почеток, овие летови ќе се одвиваат еднаш неделно, а патувањето ќе трае три часа и 25 минути.

Оваа вест ја објави Амбасадата на Русија во Македонија на нивниот твитер-профил.

Летови до Москва имаше и досега, но сите се со барем еден прекин на патувањето, поради прекачување во друго летало.