ОК ВМРО ДПМНЕ ТЕТОВО – СИТЕ ИНСТИТУЦИИ ЈА ЗАВРШИЛЕ РАБОТАТА, А МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО НЕ Е ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА

0
19

Mонтажните бараки кои треба да служат како Модуларна болница, иако поставена кон крајот на јануари, се уште не е во функција обвинија од ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово

Пуштањето во употреба на оваа модуларна болница според најавите на власта требаше да се случи кон крајот на месец февруари, но, како и се останато, започнато и недовршено, планирано-нереализирано или накратко, поради неспособноста на власта ( и централна и локална ) се касни со пуштањето во употреба, истакна Ангел Карапетров од ВМРО ДПМНЕ Тетово

-Во овој момент, кога здравјето на граѓаните треба да биде приоритет, во моменти на пандемија, власта ги троши народните пари а резултати нема во ниту едно поле, вклучувајќи го и здравството.Најпрвин, слушнавме дека сите четири надлежни институции за пуштање во употреба на модуларната болница во Тетово ( Клиничка болница, општината, министерството за здравство и изведувачот ) ја завршиле својата работа, Но, цело време си ја префрлаат вината еден на друг.
Какo наводна причина за нефукционалноста на објектот се наведуваат незавршените обврски на една или друга институција, за на крај да слушнеме дека се утврдени грешки во градежната работа и дека објектот не е поврзан со централниот систем за снабдување на кислород. Во време кога се бара кревет повеќе со цел да се спаси макар и еден човечки живот повеќе, институците решиле дека поприоритетно е да си ја префрлаат вината, отколку вистински да се зафатат со работа и да го решат овој проблем. 5 ипол години една шајка не ставивте и сега кога треба вистински да се направи нешто за да се помогне на народот и таа шајка вие криво ја заковавте, рече Карапетров

За ваквата негрижа, еден ден ќе мора да има одговорност никој и ништо не може да ве спаси од фактот дека уништивте цели семејства, одзедовте туѓи животи и расипавте многу судбини, додадоа од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово