Османи со порака Србија да признае сè што направила на Косово

0
51

Новоизбраната косовска претседателка Вјоса Османи во првиот говор пред пратениците кажа дека Србија мора да ја преземе одговорноста за „сè што направила на Косово“.

Османи порача дека „правдата нема да биде постигната сè додека српските злосторници не бидат изведени пред лицето на правдата“.

Воедно, како што кажа, „мирот ќе биде постигнат само кога Србија ќе се покае“.

Таа кажа дека дијалогот е вистинскиот пат, но дека Србија мора да одговара за сè што направила на Косово.