Павлина Црвенковска едногласно избрана за претседател на Судскиот совет

0
19

Пред 4 ипол месеци стана член на судксиот совет а од денеска е и прв човек на ова највиоко судско тело што бира, разрешува и оценува судии. Павлина Црвенковска беше единствен кандидат. Со пофални зборови за менаџерските способности и за големото искуство ја предложи нејзиниот колега Сашко Ѓеоргиеви, едногласно со 12 гласа е избрана за нов претседател на Судскиот совет. Следеше аплауз честитки од ченовите и поздравен говор од новата предводничка која ги увери колегите дека ќе биде прва меѓу еднаквите и ќе работат на зголемување на дигнитетот на правосудниот систем и згоемување на довербата на граѓаните а им испртати порака и на судиите да работат професионално.

Во нејзината биографија е запишано дека од 2006-та до сега работела како судски советник во скопска апелација претходно, две години била државен советник во Владата. Претходно работела и како раководител на одделение во Министерството за одбрана, има искуство и како адвокат. Не смета дека тоа што работела во извршната власт ја прави блиска до политиката.

Мандат на претседател на Судски совет трае две години. Со последните зкаонски измени претседател на Судки совет не може да биде член избран од редот на судиите туку само од 5-те членови кои ги бира Собранието. Оваа законска измена е на разгледување и пред Уставниот суд токму денеска кој треба да оцени дали е неуставно тоа што има ограничување кои членови можат, а кои не можат да бидат на чело на Советот. Оваа измена е воведена по препорака на Венецијанската комисија.

Нејзниот претходник Киро Здравев кој беше избран од редот на судиите денеска не присуствуваше на седницата. Тој е остустен поради изолација. Дел од членовите пак гласаа он-лајн за да може да се почитуваат ковид протоколите.