Собранието ќе го одложува пописот, попишувачите не излегоа на терен

0
24

Собранието попладнево ја почнува процедурата за одложување на пописот . Во меѓувреме на сила е законот со кој пописот започна денеска, но на терен нема активности за попишување. Власта се надева на брзо носење на измените, оти се со европско знаменце, но сепак постојат процедури во Собранието.

Во Собранието стартува процедурата за измени на Законот за попис, со кои попишувањето треба да се одложи за во септември. Во меѓувреме актуелен е постојниот закон, односно пописот формално правно почна утрово во 8 часот. Но теренското попишување на населението нема да отпочне се додека не завршат постапките во Собранието со кои пописот треба да се одложи, согласно партискиот договор меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

Државниот завод за статистика, институцијата задолжена за спроведување на пописот, преку соопштение информираше дека нема да отпочнат со активностите за попишување на населението, домаќинствата и становите, кое според постојниот закон требаше да започне денеска и да трае до 21 април.

„Во периодот додека се чека разрешница во Собранието на РСМ, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде уште повеќе сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување“, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика.

ВИДЕТЕ И ОВА:
Одложувањето на пописот може и да не оди лесно
Власта се надева дека процедурите ќе се одвиваат брзо оти и измените се со европско знаменце и ќе се носат по скратена постапка, исто како што се носеше и Законот за попис. Но претседателот на Собрание вели дека има процедури што треба да се испочитуваат. Измените ќе треба да поминат и расправа во Комисија за Европски прашања. Според роковникот, за измените максимално може да се дебатира два дена, вели претседателот на Собранието Талат Џафери, но сепак додава дека не може да прејудицирам кој ќе биде текот на дебатата.

Договор за одложување на пописот во понеделникот постигнаа премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерска средба. Иако на владина седница експресно беа усвоени измени со кои пописот се одложува, а попишувањето на дијаспората продолжува и ќе трае се додека не заврши и теренското попишување, сепак вчера измените не се најдоа на дневен ред на Собранието.

Маричиќ – Ако се следи законот пописот треба да почне утре
Претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа соопшти дека и покрај напорите седница не се одржа, оти Алијансата за Албанците и Алтернатива се противеле на тоа. Пратениците од овие партии го поддржаа носењето на Законот за попис во јануари, но откако Заев и Мицкоски соопштија дека се договориле за одложување, албанската опозиција рече дека се противи на тоа, оти, како што наведуваат, тоа е на штета на Албанците. Од овие партии сметаат дека одложувањето на пописот за септември не е поради актуелната здравствена состојба, туку дека станува збор за политичка одлука.

Алијансата и Алтернатива го блокираат Собранието со барање да се уреди статусот на лицата без државјанство. Измените што тие ги предлагаат предивудуваат со државјаство да се стекне лице што ќе докаже со тројца сведоци дека живеело во Македонија. Станува збор за лица кои се без македонско државјанство, а имале државјанство од некоја од поранешните југословенски републики и до прогласување на независност на Македонија живееле тука.