Филипче: Обезбедуваме болнички услови за секој пациент, не очекувам италијанско сценарио

0
23

Италијанското сценарио како фраза се користеше тогаш и сè уште се користи затоа што се случи на почетокот на минатата година во Италија кога болничкото лекување не можеше да се обезбеди на пациентите затоа што болниците беа преполни. Мислам дека и порано, но ниту сега вакво сценарио не се случило во нашата држава. Обезбедуваме место за болничко лекување, место што значи централно снабдување со кислород и соодветна форма на терапија, одговори министерот за здравство Венко Филипче на прашањето на новинарите дали во моментот се случува италијанското сценарио во земјата.

„Со брзиот систем, ротација и координација што ги имаме со директорите на болниците, обезбедуваме болничко лекување за секој пациент. „Вчера имаше намалување на бројките, додека денес се очекува бројот на позитивни луѓе да биде помал“, изјави Филипче.