ВИДЕО | Паника во Капитол хил: Непознато лице со автомобил удрил двајца полицајци, има повредени

0
25

Голем број на полициски сили беше распореден пред Капитол хил во Вашингтон откако неидентификувано лице ги пробило безбедносните бариери и удрило двајца полицајци со својот автомобил, јавуваат американските медиуми.

Откако автомобилот ја пробил блокадата, не запрел, па полицајците почнале да пукаат.

Пред зградата во рок од неколку минути слетал хеликоптер, а набргу стигнале и возилата за брза помош.

Според првичните информации од полицијата, двајца полицајци се повредени кога непознато лице удрило во нив со автомобилот.