АЛАРМАНТНО ВО ИНДИЈА: Луѓето умираат во возилата на брзата помош

0
28

Светската здравствена организација денеска објави дека само во текот на изминатата неделам половина бројот на новозаразени во светот биле регистрирани во Индија, каде што беснее двојниот индиски мутант, кој е многу попренослив од претходните соеви. Според СЗО, дури 46 проценти од вкупно регистрираните на глобално ниво, билер токму во Индија, како и 25 проценти од починатите во светот од корона вирусот

Угледниот Ројтерс наведува дека мртовечниците се преполни, а многумина починала и во возилата на итна помош или на паркинзите, чекајќи кревет или кислород.

Поради огромниот број новозаразени, кој изминатата недела достигна дури и 400.000, индиските власти побараа меѓународна помош, пред сер во набавка на кислород за во индиските болници.

СЗО истовремено објави дека во светот минатата недела вкупно биле пријавени 5,7 милиони нови случаи на зараза со коронавирус и повеќе од 93.000 починати, од кои најмногу во Индија.