БУГАРСКОТО МНР ЈА ПОВИКА ХРВАТСКАТА АМБАСАДОРКА НА РАЗГОВОРИ ПОРАДИ МАКЕДОНИЈА

0
29

Амбасадорката на Република Хрватска во Софија, Јасна Огњановац денеска била повикана на разговор во бугарското МНР по наредба на министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев. Таа била примена од генералниот директор за европски прашања, Румен Александров. Причината за разговорот е изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по Самитот на Словенија и Хрватска со земјите од Западен Балкан, одржан на 17 мај 2021 година во Бардо кај Крањ, во кој тој остро ја нападна политиката на Бугарија кон евроинтеграција на С. Македонија.

Пред амбасадорката Огњановац, генералниот директор ја опишал изјавата на претседателот Милановиќ како неприфатлива и неоправдана.

Амбасадорката треба да го пренесе ставот на Бугарија на официјален Загреб.

Хрватскиот претседател Милановиќ, пред два дена оцени дека Македонија се наоѓа во една невозможна позиција во процесот на евроинтеграциите.

„Ова што сега е официјална политика на една земја-членка на ЕУ и го прави на Северна Македонија и јас го нарекувам „влегување во туѓо“, односно влегување во интимниот простор. Да се бара од една земја кандидат, која и во преговори за членство, во учебниците по историја својата национална генеза да ја дефинира, онака како што тоа го бара соседна држава. Тоа е влегување во интимен простор и тоа не се прави. И, на тоа, отворено ќе се спротивставам“, рече Милановиќ.

Извор Р. С. Е