Видео: Заврши парадата на победата во Москва во чест на 9 мај 21

0
22

Владимир Путин на Црвениот плоштад во Москва ја покажа воената моќ на Русија во чест на прославата на 9 мај е Ден на победата над фашизмот

Повеќе од 12.500 луѓе, повеќе од 190 единици оружје, воена и специјална опрема, како и 76 авиони и хеликоптери учествуваа на свечената парада.

9 мај е Ден на победата над фашизмот, кога нацистичка Германија ја потпиша капитулацијата во Втората светска војна. Се слави на 9 мај, иако Втората светска војна конечно заврши само неколку месеци подоцна со безусловна капитулација на Царската Јапонија по трагичната употреба на атомската бомба во Хирошима и Нагасаки.

Извор Канал5