(ВИДЕО) ИЗРАЕЛЦИТЕ ОД УТРОВО ЈА НАПАЃААТ ГАЗА, УБИЕНО Е ДЕСЕТЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО

0
21

Израелските борбени авиони ја нападнаа Газа рано утрово, а Хамас возврати со истрелување ракети кон Израел петта ноќ од конфликтот, додека американските и арапските дипломати се обидуваат да најдат начини да го запрат насилството.

Генералниот комесар на ООН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, за време на посетата на Мадрид изјави дека крвопролевањето во Палестина го испровоцирач Израел со протерување на палестинските семејства од источен Ерусалим и забрана на верниците да влегуваат во џамијата за време на рамазанските празници.

АФП јавува, повикувајќи се на здравствени извори, дека едно десетчлено семејство (осум деца и две жени) е убиено во бегалскиот камп Шати, кој се наоѓал во трикатна зграда, уништена за време на израелските воздушен напад.

Палестинските лекари известија дека најмалку четири лица загинаа во еден од неколкуте воздушни напади во северниот дел на појасот Газа, додека жителите изјавија дека ракетите биле испукани од израелските бродови во Средоземното море, иако ниедна веројатно не го погодила појасот.

Палестинското Министерство за верски работи соопшти дека израелски авиони уништиле џамија. Воен портпарол изјави дека војската го проверува извештајот.

Сирените го вклучија алармот во два големи града на југот на Израел поради ракетен напад од Појасот Газа, за кој одговорноста ја презеде Хамас.

Палестинската страна објави дека 11 лица биле убиени на Западниот брег во судирите меѓу демонстрантите и израелските безбедносни сили.

До понеделникот, најмалку 132 лица се убиени во Појасот Газа, од кои 32 деца и 21 жена, додека 950 се повредени, соопштија палестинските здравствени власти.