Во Тетово покрај секој контејнер мини дива депонија

0
29

Во Тетово повторно слика со преполнети контејнери. Со наближување на летото, а со тоа и создавање на се повеќе смет, градот под Шара повторно се гуши во ѓубре.Речиси покрај секој контејнер во Тетово има мала дива депонија.

Големиот број на жители, недоволниот број на контејнери, како и нередовното собирање на сметот од ЈКП Тетово, се главните причини Тетово подолг период да се дави во разновиден отпад. Граѓаните револтирани, велат дека сликата е се полоша.

 

-Тетово е вистинска депонија, смет на секој чекор, а никој не се казнува, а за надлежните нема никаква одоговорност, коментираат тетовци на социјалните мрежи споделувајќи фотографии од купиштата отпад на повеќе локации низ градот.

И додека градот тоне во ѓубре, општината најавува дека ќе набави подземни контејнери.

-Се размислува за поставување на подземни контејнери кои ќе овозможат просторно да се ослободат површините, но сепак дали истите ќе го решат пробпемот се зависи од јавната еколошка свест, граѓаните треба да внимаваат каде го фрлаат сметот.Веќе се набавени 157 контејнери како и 25 нови, кои треба да послужат за рециклирање на стакло, како и нова механизација која се очекува да го зајакне возниот парк на ЈКП Тетово и да ја ублажи состојбата на терен со сметот, истакнаа од Општина Тетово.

Градот е валкан поради несовесни граѓаните но и неажурноста на општината.Но одговорност кај властите нема, а нивните податоци говорат дека досега никој не е казнет за фрлање на смет. Казни нема како за физичките така и за правните лица, пред се за маркетите кои картонската амбалажа ја фрлаат во но и покрај контејнерите, што е спротивно на законот за управување со отпад од пакување.

-Досега се направени 15 надзори на правни лица кои направиле несоодветно складирање на смет и на истите им е наложено да направат соодветен договор согласно законот за управување со отпад од пакување.Овој договор законски мора да го има секое правно лице кое  работи со трговска услужна дејност. Она што е во наша надлежност е ако утврдиме на лице место кога се фрла ваков вид на смет да го казниме лицето со глоба од 4000 евра во денарска противвредност или со 50 евра, истакнаа од Општина Тетово.

И не само со малите диви депонии општината не го реши проблемот и со претоварната станица која сега е лоцирана кај тетовско Фалише. Таму сметот пред да се однесе во скопската депонија Дрисла се истура директно на земја, загадувајќи ја почвата и подземните води.

  ММС