Добил закана со пиштол во тетовска кафеана од лице кое му должело пари

0
22

Во Полициската станица Тетово бил задржан 44 годишен жител од с.Шемшево тетовско, затоа што околу вчера околу 15.45 во угостителски објект во Тетово со пиштол му се заканил на 56 годишник од с.Мала Речица, тетовско. Според пријавеното, тие се сретнале во угостителскиот објект каде што лицето од Шемшово изјавил дека нема да го врати долгот, по што со пиштол упатил закани кон  лицето на Мала Речица Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Вчера во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возачите кои вршат направилно и непрописно престигнување. Притоа, биле констатирани 27 прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-11) кои биле соодветно санкционирани.  Исто така, санкционирани биле и шест останати прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-1).На прекршителите им се изготвени соодветни поднесоци, напоменувајќи дека паричните глоби за овие видови на прекршоци се  од 45 до 400 евра во денарска противвредност, а исто така следува и заштитна мерка ,,забрана,, за управување со возило во времетраење од 3 до 12 месеци.