Груби: Уставниот суд ja потврди законитоста на новите имињата на училиштата во Чаир

0
20

Оваа одлука ја потврди првиот вицепремиер Артан Груби преку објава на неговата официјална страница на Фејсбук

„Уставниот суд ги потврди албанските имиња на основните училишта во Чаир и со тоа стави крај на гласините за наводно непочитување на уставот за време на нивната промена. Уставот го дефинира највисокиот правен поредок во државата и сите се согласуваме дека законите и нормативните акти треба да се донесуваат според него, напиша Груби

Вршењето на јавните овластувања од страна на државните органи и институции мора да се изврши со почитување на принципите, нормите и духот утврдени со самиот Устав, бидејќи во спротивно Уставниот суд е во функција за утврдување на уставноста.

Во овој случај, сите се согласуваме дека законите и другите нормативни акти мора да бидат во согласност со духот на Уставот, бидејќи тој самиот како највисок правен акт во земјата го одредува правниот поредок, напиша Груби