Индија: Нови 3.915 смртни случаи, сè погласни барањата да се воведе целосно затворање во земјата

0
26

Индија денеска постави нов црн рекорд со 414.188 нови случаи на коронавирус, поради што премиерот Нарендра Моди се соочува со зголемен притисок да воведе остра блокада во целата земја.

Многу медицински експерти, лидери на опозицијата и некои судии на Врховниот суд сметаат дека „локдаун“ е единствената опција во борбата против вирусот затоа што болниците се принудени да враќаат сериозно болни пациенти додека нивните роднини се обидуваат да набават кислород.

Ситуацијата е тешка и во крематориумите и гробиштата поради огромниот број смртни случаи.

Министерството за здравство денеска евидентираше 3.915 смртни случаи, што е вкупно 234.083.

Експертите сметаат дека бројот на заразени и мртви е далеку поголем од официјалните податоци.

Извор Тв21