КОСОВО СО ПОДРШКА ЗА ИЗРАЕЛ, ЈА ОСУДУВА ПАЛЕСТИНА ЗА ЛАНСИРАЊЕ РАКЕТИ

0
57

Косово реагираше на конфликтот меѓу Израелците и Палестинците. Министерството за надворешни работи на Косово нагласува дека Хамас држи палестински цивили како заложници на својата војна, истовремено повикувајќи на крај на насилството и мирно решение.

„Израел има право и обврска да го заштити својот народ од 2.000 ракети истрелани врз цивили, само од Хамас“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Косово.

Потсетуваме дека само неколку недели по воспоставувањето на дипломатските односи со државата Израел во февруари годинава, Косово официјално ја отвори својата амбасада во Ерусалим.

Од друга страна, Палестина сè уште не ја признала независноста на Косово, сметајќи го како дел од Србија.