ПОРАДИ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НОЃБА АВИОН НА „РАЈНЕР” ПРИНУДНО СЛЕТА ВО БЕРЛИН

0
24

Авион на „Рајанер“ на релација Даблин-Краков беше принуден да слета во Берлин претходната вечер по дојава за бомба, објавија германските медиуми, додавајќи дека патниците по проверката го продолжиле летот.

„Полициската проверка покажа дека нема опасност“, изјави германската полиција додавајќи дека патниците го продолжиле летот кон Полска во друг авион.

Весникот „Билд Цајтунг“ објави дека дојавата за бомба била лажна.

Авионот со 160 патници слетал на аеродромот во Берлин во 20.08 часот.

Слична ситуација се случи во јули 2020 година. Авион на „Рајанер“ на истата линија Даблин-Краков принудно слета во Лондон по дојава за бомба, за која подоцна се покажа дека е лажна.