РЕГИСТРИРАНИ 53 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ПОЧИНАА 13 ПАЦИЕНТИ

0
20

Во текот на последните 24 часа, од 2.691 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 53 нови случаи на Ковид-19, од кои 29 само во Скопје. Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје објавува дека се излечени 111 пациент. Во изтиот период битката со Ковид-19 ја изгубиле 13 пациенти.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.169 случаи, од кои 147.301 се опоравени, а 5.369 починале. Во нашата земја во моментов има 2.499 активни случаи на коронавирус, од кои 1000 се само во Скопје.