СДСМ: НА МИЦКОСКИ МУ ОСТАНАА САМО БЛЕФОВИ И ЛАЖНИ ВЕСТИ, ЗАТОА ГО ЧЕКА НОВ ПОРАЗ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

0
21

Ништо ново од докажаниот губитник Христијан Мицкоски, секој негов настап е полн со лажни вести и деструкции.

Мицкоски не пропушта прилика да докаже дека е деструктивец на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, не пропушта да докаже дека е единствениот на браникот на криминалот.

Мицкоски е поразен, осамен во своите деструкции и лаги, затоа денеска повторно се храбри, се лаже себеси и јавноста дека ќе победи на следните локални избори.

А вистината е дека тој сите избори како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги има загубено сите изборни циклуси, има загубено и на своето избирачко место и тоа ќе се повтори и на следните избори наесен.

На Мицкоски му останаа само деструкциите, лажните вести и белфовите со кои се лаже себеси и членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните редовно ги поразуваат неговите антинародни политики, ќе ги поразат уште еднаш на локалните избори закажани за на есен.

Центар за комуникации со јавноста