СЕМЕЈСТВОТО НА ЏОРЏ ФЛОЈД КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БАЈДЕН

0
23

Семејството на Џорџ Флојд, кој беше убиен во полициска акција пред една година, се сретна со американскиот претседател Џо Бајден.

Средбата на семејството на Афроамериканецот Флојд со претседателот на САД, Бајден, траеше околу еден час и се одржа зад затворени врати. По средбата, Бајден побара преземање натамошни мерки против расизмот и полициското насилство. На #ФотографијаНаДенот е фатен моментот кога членовите на семејството на Флојд, по средбата со Бајден, со кренати раце го извикуваат неговото име пред Белата куќа. Тука е и ќерката на Флојд, Џана.

Џорџ Флојд пред една годинабеше убиен во полициска акција. Во април годинава полицаецот Дерек Шовин беше осуден за убиство на Флојд. Висината на казната ќе биде соопштена на 25 јуни.

Извор Dw