СЕ УРНА НАЈГОЛЕМАТА КИНЕСКА РАКЕТА: Еве каде паднаа неколку тони тешките остатоци од кои стравуваше светот

0
22

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа во Индискиот океан, а повеќето нејзини компоненти беа уништени кога влезе во атмосферата на Земјата, објавија кинеските државни медиуми, пренесува Ројтерс.

Според последните извештаи, големата кинеска ракета, „Долг марш 5Б“ која од 29.април без никаква контрола леташе во орбитата предизвикувајќи паника низ цел свет, односно нејзините делови од ракетата влегоа во атмосферата во 10.24 часот по локално време.

Како што објави кинеската агенција за вселенски летови, местото на падот било во Индискиот Океан, југозападно од Индија и Шри Ланка, а повеќето остатоци од ракетата изгореле во атмосферата, се додава во соопштението.

Како што претходно се прогнозираше, леталото имаше широка точка на слетување. Можеше да падне и во близина на Њујорк на северната хемисфера, но и во близина на Нов Зеланд на југ.

На 29. април, јадрото на ракетата „Долг марш 5Б“ висока 30 метри го лансираше модулот „Небесна хармонија“ за вселенската станица Тијанхе.