ТЕТОВЦИ ПОВТОРНО ЖЕДНИ

0
20

Над 3000 жители од стариот дел на градот втор дена се без вода за пиење. Причина како и многу пати досега, дефект во старата градска дотраена мрежа.

Жителите велат дека немаат капка вода. Во време на пандемија, но и високи температури тешко е да се помине денот.

Ова не е прв пат тетовци да останат без вода за пиење оваа година. Целиот град во неколку наврати имаше проблеми во водоснабдувањето, но поради дефекти на новиот водовод, каде се појавуваа ерозивни процеси и дел од цефководот пукаше. Сега дефектите се појавија кај старата градска дотраена мрежа.

Но дел од граѓаните на Тетово немаат вода во текот на цела година, како жителите на населбата Теќе. Тие не се ниту приклучени на водоводот. Се снаоѓаат како знаат и умеат. Полнат вода во шишиња и буриња, а се работи за населба од над 1000 семејства.

Од Општина Тетово велат дека за жителите од населбата Теќе се работи на проект за израдба на каптажа кој со вода би ги задоволил жителите од оваа населба. Што се однесува за немањето на вода во стариот дел на градот,тоа е проблем кој се појавува повеќе пати во текот на годината поради старата и дотраена мрежа. Се очекува во текот на денот или утре дефектот да се острани и во тој дел на градот состојбата со вододоснабдувањето да се стабилизира.