ХРВАТСКА НАБАВУВА ФРАНЦУСКИ БОРБЕНИ АВИОНИ ВО ВРЕДНОСТ ОД МИЛИЈАРДА ЕВРА

0
110

Владата на Андреј Пленковиќ одлучи да купи 12 половни француски борбени авиони Ф3Р Рафал за цена од речиси милијарда евра, неофицијално објави Јутарњи лист повикувајќи се на добро информирани извори.

Одлуката би требала да биде објавена на Денот на вооружените сили, на 28 мај. Најстариот авион кој би бил испорачан во Хрватска би имал 10 години, а според информациите со кои располага Јутарњи, Хрватска би го добила целиот пакет кој вклучува авиони, обука и вооружување, за речиси милијарда евра.

Советот за одбрана на Хрватска денеска даде поддршка на владата за купување на борбените авиони.

Доколку договорот е потпишан оваа година, Французите ќе ги испорачаат првите шест авиони во 2024 година.